Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, истакна дека Олимпијакос во моментов е најдобриот тим во Евролигата. Дуелот меѓу вечните грчки ривали ќе биде на програмата следниот петок (20:15 часот), во рамки на 29. коло во елитното натпреварување.
- Олимпијакос е најдобриот тим или еден од најдобрите тимови во Евролигата, изјави Атаман.
Првиот меѓусебен натпревар сезонава му припадна на Олимпијакос (94:89).
- Ова е дерби, и за грчката кошарка е одлично да ги гледаме двете најдобри екипи во Евролигата. Ќе се обидеме да победиме, со сета почит кон Олимпијакос, вели турскиот стручњак.
ПАО двапати победи во грчкото првенство, како и во финалето на Купот. Од друга страна Олимпијакос е лидер на табелата во Евролига со 21-7, додека ПАО е трет во поредокот со три победи помалку.