Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82 % во однос на одлуката од 11.04.2025 година.
Така, цената на дизелот од утре се намалува за 0,5 денари и ќе изнесува 64 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува непроменена ќе се продава по цена од 71,5 денари по литар. Се намалува и цената на ЕУРОСУПЕР 98+, па од утре ќе се продава по 73,5 денари по литар, што е поевтинување за 0,5 денари. Поевтинува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по 64 денари, додека мазутот поевтинува за 0,7 денари и ќе се продава по цена од 37 денари.
Од 15.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,992 (денари/килограм)