Поднесена е кривична пријава против фирма од Струмица и нејзиниот управител за даночно затајување

54

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и Д.Ј.(37) од Кавадарци, управител на правното лице, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.

Пријавените, во периодот од 01.12.2023 до 31.12.2023, имале обврска како даночни обврзници да извршат уплата на данок од личен доход на добивка од игри на среќа во износ од 626.457 денари, а во периодот од 01.01.2024 до 30.04.2024 имале обврска да извршат уплата данок на лични доходи по други основи во износ од 351.845 денари , но не ги уплатиле.

Дополнително, во периодот од 1 јануари до 30 април годинава, фирмата остварила приход од приредување игри на среќа во автомат клуб во износ од 6.270.304 денари, од кој биле должни да уплатат 20% посебна давачка во вредност од 1.254.061 денари, но не го направиле тоа.

Истражните органи продолжуваат со собирање на докази, а Основното јавно обвинителство Струмица ќе одлучува за понатамошниот тек на случајот.

Со ваквите дејствија, пријавените го оштетиле Буџетот на РСМ за вкупен износ од 2.232.363 денари.

ИЗДВОЕНИ