Подигнати вкупно 50 кубни метри отпад во Бутел и Чаир

251

Eкипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена вчеравечер активно работеле на расчистување на дивите депонии во скопските општини Бутел и Чаир.

Од претпријатието информираат дека во општината Бутел биле отстранети приближно 30 кубни метри отпад од неколку диви депониии лоцирани на улицата „Босна и Херцеговина“ – кај социјалните згради, како и на улицата „Скоевска“, во непосредна близина на спортската сала во населбата Радишани.

-Подигнати се и транспортирани и околу 20 кубни метри отпад од диви
депонии лоцирани на улиците: „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ во скопската општина Чаир.