Подигнати 80 кубни метри отпад од депонии во неколку општини

11

Eкипите на ЈП Комунална Xигиена изминатото деноноќие отстраниле неколку диви депонии лоцирани во општините Карпош, Ѓорче Петров, Центар и Чаир.

-Во општината Карпош е интервенирано на улиците: „Московска“ и „Прашка“, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад. Во општината Ѓорче Петров се подигнати 20 кубни метри кабаст отпад, одложен на тревна површина долж главната улица, додека во општината Центар се расчистени приближно 15 кубни метри непрописно одложен мешан комунален отпад од улицата „Тодор Александров“, на потегот што води кон Средно Водно – информираат од претпријатието .

ЈП Комунална Хигиена реализирала активности и во скопската општина Чаир, каде што биле подигнати вкупно 20 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини на улицата „Цветан Димов“, во непосредна близина на градинката „Фидани“ и ТЦ „Чаирчанка“.

 

ИЗДВОЕНИ