ЈП Комунална Хигиена вчеравечер почна со отстранување обемна дива депонија лоцирана на улицата „Топаанска“ во скопската општина Чаир.
Оттаму информираат дека досега биле подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри, претежно мешан комунален отпад, а активностите на оваа локација ќе продолжат.
-Воедно, во општината Чаир се подигнати и 10 кубни метри непрописно одложен кабаст отпад на улицата „Џон Кенеди“ – соопштија од претпријатието.
ЈП Комунална Хигиена вчера интервенирала и во општината Кисела Вода, каде што биле отстранети 15 кубни метри кабаст и отпад од картонска амбалажа, одложени на јавни површини на улиците: „Фредерик Шопен“, „Димо Хаџи Димов„ и „Томе Арсовски“.