Подигнати 60 м3 непрописно фрлен отпад во Чаир и во Ѓорче Петров

20

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ во текот на вчерашниот ден реализирале активности за отстранување 60 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров.

Оттаму велат дека била отстранета обемна дива депонија лоцирана до ООУ „Хасан Приштина“ во населбата Серава, а било интервенирано и на улицата „Славеј Планина“, во непосредна близина на скопското Теќе, како и на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), каде што биле подигнати вкупно 40 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.

– Во рамките на третата смена, извршено е и расчистување на дива депонија лоцирана на улицата „Македонска војска“ во Општината Ѓорче Петров, каде што се подигнати и транспортирани приближно 20 кубни метри непрописно фрлен отпад – соопштија од ЈП „Комунална хигиена“.