Екипите на ЈП Комунална Хигиена изминатиот викенд подигнале и транспортирале приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во општините: Ѓорче Петров, Карпош и Чаир.
Од претпријатието, воедно информираат дека започнале и со отстранување на големна дивна депонија лоцирана на улицата „Лука Геров“, во општината Ѓорче Петров.
-Депонијата е составена од мешан комунален, кабаст и градежен отпад, а екипите на претпријатието и во текот на денешниот ден ќе ги продолжат активностите за целосно расчистување на непрописно одложениот отпад – соопштија од ЈП Комунална Хигиена.
Оттаму додаваат дека во општината Карпош биле подигнати околу седум кубни метри градежен отпад одложен на јавна површина на улицата „Прашка“, а интервенирано е и во општина Чаир, каде што биле отстранети повеќе диви депонии лоцирани на улиците: „Вуковарска“ и „Џон Кенеди“, во непосредна близина на детската градинка „Снежана“ и ООУ „Васил Главинов“ .