Eкипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена, во текот на изминатото деноноќие подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Чаир, Ѓорче Петров и Карпош.
-Отстранети се 15 кубни метри отпад од картонска амбалажа и петнаесетина автомобилски гуми одложени на јавна површина на улицата „Војдан Чернодрински“, како и 10 кубни метри кабаст отпад одложен на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица) во скопската општина Чаир. Во општината Карпош се подигнати приближно 10 кубни метри кабаст отпад одложен на сообраќајна површина на улицата „Загребска“, во населбата Козле – соопштија од ЈП Комунална Хигиена.
Оттаму додаваат дека реализирале активности и во општината Ѓорче Петров, каде што биле подигнати 15 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците: „Лука Геров“ и „Ѓорче Петров“, посочија од ЈП Комунална Хигиена.