Подигнати 50 кубни метри отпад од диви депонии

10

Eкипите на ЈП Комунална Хигиена, изминатиов викенд подигнале и транспортирале приближно 50 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани во општините Чаир и Карпош.

-Во општината Чаир е интервенирано на улицата „Славеј Планина“, во
непосредна близина на скопското Теќе, каде што се подигнати 15 кубни метри отпад од картонски пакувања одложени на јавна површина. Приближно 10 кубни метри претежно мешан комунален отпад  е отстранет од сообраќајна површина на улицата „Самоилова“, а расчистени се и неколку помали диви депонии составени од кабаст и градежен отпад лоцирани на улицата „Цветан Димов“ – соопштија од претпријатието.

Оттаму додаваат дека за време на викендот биле отстранети и 10 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

ИЗДВОЕНИ