Подигнати 50 кубни метри отпад од дива депонија на улица „Џон Кенеди“

40

Вчеравечер, екипите на ЈП Комунална Хигиена реализирале акција за отстранување обемна дива депонија лоцирана на улицата „Џон Кенеди“, во скопската општина Чаир, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“.

Од претпријатието велат дека во рамките на акцијата биле подигнати и транспортирани 50 кубни метри непрописно одложен отпад, по што нивните екипи спровеле и рачно миење на микролокацијата. Активностите биле реализирани во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“.

Градот Скопје и ЈП Комунална Хигиена уште еднаш го осудија тенденциозното непрописно исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини што во последниот период најчесто било забележано во непосредна близина на контејнерите наменети за одлагање на комуналниот отпад.

-Секое исфрлање отпад надвор од наменски поставените садови претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота – потсетуваат од ЈП Комунална Хигиена.