Екипите на ЈП Комунална Хигиена во текот на завчерашниот ден подигнале и транспортирале 45 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во скопските општини Кисела Вода, Центар и Чаир.
-Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците: „Фредерик Шопен“, „Димо Хаџи Димов“ и „Томе Арсовски“, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини – соопштија од претпријатието.
Оттаму додаваат дека во општина Чаир биле отстранети 10 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата „Цветан Димов“, додека во општината Центар било интервенирано на неколку локации долж булеварот „Партизански одреди“, каде што биле расчистени вкупно 15 кубни метри картонски отпад одложен на тревни и сообраќајни површини.