Екипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена на барање на Град Скопје по отстранувањето на „диви продавачи“ на булеварот „Крсте Мисирков“ подигнале пет кубни метри мешан комунален отпад и отпад од пакување. И покрај брзата реакција на екипите, повторно е забележано исфрлање на отпад на истата локација.
-Во текот на денешниот ден повторно е подигнат и транспортиран отпад составен од мешан комунален отпад и отпад од пакување во количина од 15 кубни метри кој беше одложен покрај контејнерите – соопштија од претпријатието.
ЈП Комунална Хигиена апелира отпадот да се исфрла во контејнерите наменети за комунален отпад, а не на јавните или сообраќајните површини, со што го оневозможува редовното метење и миење на тротоарите и движењето на пешаците.
Еко патролата на претпријатието во соработка со градските инспекциски служби ќе продолжи да врши надзор и едукација на споменатите микролокации.