Подгответе се навреме за 1 мај: Вистинските мајстори знаат – нема добра скара без добра маринада

49

Тешко е да се замисли Први мај без скара, но вистинските мајстори знаат – сè започнува со добра маринада.

Први мај најчесто го поминуваме на отворено, со добро друштво, скари и пијалоци, па затоа е вистинско време да се подготвиме за нова авантура.

Месото и зеленчукот на скара секогаш имаат посебна арома и сладост. И кога ќе додадете маринада на аромата на чад, добивате скара за „прсти да излижете“. Дури и најдобрите парчиња месо, добар оган и најдобрата скара се залудни ако претходно не сте го маринирале месото.

Маринадата е она што ќе му даде на месото посебен вкус и нежност, а месото е најдобро ако го маринирате вечерта пред печењето на скара и вреди секоја минута чекање.

Класична маринада

Состојки:

100 ml сончогледово масло
100 мл маслиново масло
100 мл јаболков оцет
2 лажици сол
2 чешниња лук
1 лажица пиперка
1 лажичка мелена пиперка
1 кромид
Подготовка:

Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, па ставете ги во поголем сад. Додадете ги двата вида масло, оцет и зачини во садот со кромидот, а потоа измешајте сè заедно. Потопете ги парчињата месо во добиената маринада и ставете ги во голем сад, а на крајот прелијте ја преостанатата маринада врз месото и покријте го. Оставете најмалку четири часа во фрижидер.

Зачинета маринада

Состојки:

1 лажица чили во прав
1 лажица кафеав шеќер
1 лажичка сол
1 лажичка пиперка
1 лажичка лук во прав
1 лажица кајен пипер
200 мл масло
2 лажици сенф

Подготовка:
Ставете ги сите состојки во сад и измешајте. Премачкајте го месото или зеленчукот со маринадата и оставете преку ноќ во фрижидер.

ИЗДВОЕНИ