На вториот повик ма Владата за поддршка на општините, Општина Гостивар ќе аплицира со над 40 проекти. Како што истакна градоначалникот Ваљбон Лимани, тие се разновидни, од сите области и опфаќаат различни потреби на граѓаните.
– Има едно шаренило, инфраструктурни проекти, асфалтирање, фекална канализација, но и неколку спортски терени, детски катчиња и базен во ОУ „Гоце Делчев“. Потоа ревитализација на еден подолг пат и други. Сето тоа со цел да се опфатат сите сфери и секаде каде што има потреба, да им излеземе во пресрет на нашите граѓани – изјави Лимани, а во однос на одобрените проекти од првиот повик рече дека се заокружуваат административните процедури и со конкретни работи на терен ќе се почне штом ќе се создадат поволни временски услови.