Подготвени да го поддржат мирот во Украина! Оваа земја сака да биде домаќин на средбата Путин – Трамп

37
EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY

Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин посветена на решавање на конфликтот во Украина, доколку тие тоа го побараат, објави денеска швајцарскиот весник „Le Temps“.

„По самитот во Биргенсток, Украина, Русија и САД беа редовно информирани за нашата подготвеност да ги поддржат дипломатските напори за воспоставување мир“, изјави шефот на прес-службата на швајцарското Министерство за надворешни работи, Николас Бидо, објави весникот.

Како што се наведува, швајцарските власти, сепак, нема да преземат иницијатива по ова прашање, а весникот посочува дека земјата е само една од оние што сакаат да бидат домаќини на средба меѓу двајцата лидери.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 10 јануари објави дека се во тек подготовките за средба со рускиот претседател Владимир Путин. Според Трамп, би било неопходно да се стави крај на украинскиот конфликт. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков подоцна изјави дека рускиот претседател е подготвен да се сретне со Трамп без никакви предуслови.

ИЗДВОЕНИ