Подемите и падовите на американскиот рекордер по банкроти, претседателот Доналд Трамп

46

Американскиот претседател Доналд Трамп имаше бројни подеми и падови во својата деловна кариера, развивајќи карактеристичен стил на бизнис, кој комбинира амбициозни и дарежливи инвестиции, агресивно преземање ризик и вешта самопромоција, што беше најочигледно на телевизија и во неговите кампањи за претседателски избори.

Токму преку вештата самопромоција Трамп изгради имиџ на личност која е позната по тоа што е успешен бизнисмен и преговарач. Но, има ли вистина? Со оглед на неговиот рекорд од шест банкротства (или четири ако го прашате него), тешко е да се поврзе неговата слика за себе со реалноста, пишува Индекс.хр.

Трамп го почна своето деловно патување пред повеќе од половина век, во 1968 година, благодарение на неговиот татко Фред Трамп, кој со своите 250 до 300 милиони долари веќе беше богат и успешен како градежен претприемач кој гради станови за средната класа во предградиенто на Њујорк. Иако Доналд Трамп никогаш не поднел барање за личен банкрот, дури шест пати прогласил банкрот преку своите деловни субјекти, што го рангира меѓу рекордерите по бројот на банкроти во последните неколку децении меѓу големите американски компании. Злобниците сега велат дека Америка ќе му биде седмиот банкрот.

Првиот банкрот се случи во 1991 година со казиното „Трамп Таџ Махал“, една година по отворањето, а причина е неможност да се плати големиот долг. Веќе следната 1992 година, се случија вториот, третиот и четвртиот банкрот, во кој беа вклучени хотелот „Плаза“ во Њујорк,  хотелот и казино „Плаза“ во Атлантик Сити и „Трамп касл казино ресорт“. Петти пат банкротираше во 2004 година, кога поднесе барање за отпис на долговите на казиното во Атлантик Сити. Најновиот, шести по ред банкрот се случи во 2009 година за време на рецесијата кога според „Полити факт“ за „Трамп ентертаинмент ресортс“ не биле платени обврзници од 53,1 милиони долари.

По низата банкроти банките веќе не му даваа пари, но тој покажа извонредна способност да си го оживее имиџот со реалити шоуто „Д апрентис“ (Приправник) во 2004 година. Шоуто му овозможи нов приход преку лицецирање на своето име на разни произвоиди и услуги, како Тамп стекс, Трамп вотка, Трамп хоум…

За Вашингтон пост Трамп објасни зошто смета дека имал само четири банкроти – првите три ги броел како еден. Наспроти бројните неуспеси во бизнисот, неговото богатство денеска се проценува на 6,4 милијарди долари. За време на првиот претседателски мандат Трамп изгуби четвртина од своето тогашното богатство.

ИЗДВОЕНИ