Општина Маврово и Ростуше ги информира своите жители дека патот што води од браната „Маврово“, преку селата Маврово, Ниќифорово и Леуново околу езерото, сè до приклучокот кај м.в. Бунец е регионален пат и е во надлежност на ЈП „Македонија пат“.
Оттаму додаваат дека под надлежност на Општината се локалните патишта кои водат од регионалниот пат до населените места и за кои, во прилог на ова известување, има листа со видот на делниците и видот на коловоз за која општината има обврска за ангажирање на механизација за редовно зимско одржување и посолување.
– Општината со сопствена механизација ги одржува локалните патишта за која има надлежност се до избор на фирма за зимско одржување, која според постапката за јавни набавки треба да биде избрана најкасно до 10.12.2024 година – известуваат од локалната самоуправа.
При тоа, нагласуваат дека во изминатите денови биле исчистени локалните патишта до селата Врбен, Церово и улица во село Леуново каде имаше болна жена. Се чистат и локалните патишта кон село Дуф, Сретково и останатите села кои водат од регионален пат до влезовите на населените места.