На градскиот плоштад во Кавадарци, в понеделник, во 19 часот, ќе биде отворено петтото издание на „Кавадаречки стрит фест“.
Фестивалот започнува со мултимедијалната изложба „Тврдини и стари градови на територијата на Србија“ од авторката Светлана Дингарац од Белград, по што следува концертот на музичкото друштво „Ковински бекери“, тамбурашки оркестар од Ковин и оркестарот при ОМБУ „Лазо Мицев-Рале“ од Кавадарци.
Во вторник, во Домот на културата, со почеток во 20 часот ќе биде прикажана претставата „Не се клади на Енглези“. Наредниот ден на Градскиот плоштад со почеток во 20 часот е концертот на локален бенд, а ќе има и читање на поезија.
В четврток, во Домот на културата, исто така во 20 часот е театарската претстава „Болва во уво“ при аматарскиот театар на Центарот за култура од Ковин.
В петок, на 21 јуни на Градскиот плоштад, во 20 часот, ќе настапат КУД „Ковин“ и фолклорниот ансамбл „Тиквеш“.
Неделата ќе биде заокружена со Гурманскиот викенд, кој ќе се одржи в сабота на Градскиот плоштад, во 19 часот.