Почна реконструкцијата на депото во градската библиотека  „Феткин“

17

Започна реконструкција на подот во депото – оддел за возрасни читатели во градската библиотека „Феткин“ во Кавадарци.

Како што информираа од кабинетот на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, проектот е со вредност од 173.991 денари, средства одобрени од буџетот на Општината. 

– Изведувач на градежните работи е фирмата „Патио монт“ од Кавадарци – соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму нагласија дека локалната самоуправа интензивно работи на многубројни проекти во градот и во населените места во кавадаречката општина.