Почна изградбата на „Фешн Парк Триангла“

3435

Почна изградбатa на првиот малопродажен парк „Фешн Парк Триангла“ во Триангла за што ќе бидат инвестирани 10 милиони евра. Од општината велат дека она што го прави посебен овој парк е новиот концепт на визуелно дизајнирани продавници со нов начин на изведба и материјали, нешто што е препознатливо низ Европа.

„Фешн Парк Триангла“ се простира на површина од 15.000 квадратни метри од кои 6.500 квадратни метри, површина за изнајмување, а во рамки на проектот има и бизнис-центар и хотел со површина од 5.000 квадратни метри, како и подземен паркинг со над 200 паркинг места.

– Преку оваа инвестиција, Општина Гази Баба продолжува да се модернизира и истиот ќе донесе нова енергија за нашите сограѓани. Овој проект кој е според сите светски стандарди, ќе привлече голем број посетители, кои ќе уживаат во содржините кои ги нуди проектот – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека овој проект е од огромно значење за општината, но и за Скопје, пред сè поради тоа што градот ќе се позиционира како лидер во овој дел од регионот и ќе биде претпознатлив по ваков тип на објекти.