Во општина Ѓорче Петров денеска почна асфалтирањето на ул„52“ во Стопански Двор која има шест краци.
Улицата конечно добива нов асфалт на главната артерија, а следно и на краците во должина од приближно 1.200 метри или над 3.000 квадратни метри површина.
Како локална единица, Општина Ѓорче Петров досега самостојно реконструираше над 60-тина улици во општината со што значително се подобри инфраструктурата.
– На мое задоволство остваривме уште едно ветување за кое долги години се бараше решение, проблем кој се провлекуваше со години и никој сериозно не се заложи да им го реши на граѓаните на улица „52“ во Стопански Двор – истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Тој истовремено најави и нова градежна офанзива во сите делови на Ѓорче Петров.