Бивш кошаркарски репрезентативец почина во пожар

122

Шокантна вест ни пристигна од Полска откако тамошните медиуми информираа дека поранешниот кошаркарски репрезентативец на оваа земја, Збигниев Маркулевич, починал како резултат на задушување во пожар. Имено, во неделата, во селото Новоџиел, кое се наоѓа на полско-белоруската граница, се запалила куќата на 46-годишниот Маркулевич, а од трите лица што се наоѓале внатре, најдебелиот крај го извлекол поранешниот полски репрезентативец, додека неговите сестра и мајка успеале да преживеат.

Маркулевич ја започна својата професионална кариера во деведесеттите, а најдобрите резултати ги постигна на почетокот од овој век. Играше на позицијата центар и беше еден од водечките блокери во полската лига, каде што одигра повеќе од 280 натпревари.