Русија и Соединетите Американски Држави ќе разговараат за несогласувањата во билатералните односи на двете земји на крајот на следната недела, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, додавајќи дека ова го означува почетокот на втората фаза од руско-американските преговори за Украина.
Тој рече дека за тоа ќе се разговара во рамките на средба на ниво на шефови на сектори на телата за надворешна политика на Русија и САД, пренесува ТАСС.
Русија и Америка ја започнуваат втората фаза од преговорите
– Отворени сме за контакти со американската страна, особено за конфликти во билатералните односи. Очекуваме вистински напредок кога ќе се одржи средбата закажана за крајот на неделата – рече Рјабков.
Тој претходно денеска изјави дека ова ќе биде почеток на втората фаза од руско-американските преговори за решавање на украинскиот конфликт.
Како што објави Еуроњуз, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите меѓу Москва и Вашингтон ќе се одржат во вторник на 25 февруари. Се очекува Ријад повторно да биде место за разговори.