Почнува кампањата за бесплатен скрининг на црн дроб/ФОТО

123

Министерството за здравство, заедно со Клиниката за гастроентерохепатологија и „Хепар Центар“ – Битола по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, почнува заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

Фото: П. Стојановски

По тој повод, министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети мобилната единица на плоштад „Македонија“ во Скопје од каде почнува бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб.

Како што информира Министерството за здравство, националната кампања ќе се реализира во десет градови низ државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести: црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.