Почнаа подготовките за „Сусурига 2025“

45

Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ ги започнаа подготовките за старата градска традиција на маскирање и палење оган, која ќе се одржи втора година по ред, по повод празникот Прочка.

Веќе е отворен повик за пријавување групни маски за манифестацијата „Сусурига 2025“, која ќе се одржи на 1 март 2025 година со почеток во 18:00 часот, на Градскиот плоштад во Крива Паланка.

Од Општината велат дека станува збор за уникатен ритуал во духот на градската традиција и дека ќе има ревијално дефиле под маски и настап на специјални гости од земјава и од соседството, познати по обредното изведување обичаи.

– Ќе има забава под маски, ритуално палење оган и сѐ што е карактеристично за називот „сусурига“, кој се среќава единствено во Крива Паланка – потенцираат од Општина Крива Паланка.

При тоа, ги повикуваат сите заинтересирани, на возраст над 14 години, да земат учество и да пријават групни или маалски маски за претстојниот настан.

 

ИЗДВОЕНИ