Почна обновувањето на уште една улица на територијата на општина Бутел. Станува збор за улицата „Бетовенова” со површина од 4.000 квадратни метри и должина од 400 метри.
-Повеќе децении оваа значајна сообраќајница воопшто не е реконструирана, што е евидентно од состојбата во која во моментов се наоѓа. Таа е и цедна од најзначајните сообраќајници во населбата Бутел – соопштија од локалната самоуправа.
Од Општина Бутел додаваат дека наскоро ќе започнат со изградбата и на спортско рекреативниот центар „Ударници” кој ќе се наоѓа во близина на улицата „Бетовенова“.