Почна реконструкцијата на улицата „Дебарца“

160

Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Дебрца”, на потегот од улицата „Ленинова” до студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“. Се реконструира делница во должина од 220 метри, со целосна санација на коловозната површина од 1.700 квадратни метри, како и обновување на тротоарот од едната страна, со површина од 1.000 квадратни метри.

-Продолжуваме со реконструкција и санирање на повеќе улици во општината согласно зацртаната програма. Приоритет ни е модерна и квалитетно изведена патна инфраструктура за побезбеден и полесен сообраќај – изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Од локалната самоуправа информираат дека овој дел од улицата е во амортизирана и дотраена состојба, со сериозни оштетувања што го отежнуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

Оттаму додаваат дека со реконструкцијата значително ќе се подобрат условите за движење и безбедноста, а ќе се придонесе и за поквалитетно урбано уредување на просторот.

Средствата за реализација се дел од поддршката што Општина Центар ја доби од претходната Влада, во износ од 40 милиони денари, наменети за реконструкција на улиците „Светозар Марковиќ“ и „Дебарца“.

Според предвидената динамика, се очекува работите да завршат за два месеци.

ИЗДВОЕНИ