Општина Бутел започна со реконструкција на главната улица „30“, во населеното место Љуботенски Пат. Ова е улица што е од големо значење за жителите и го поврзува целото населено место.
– На улицата „30“ е предвидено машинско гребење и копање на оштетениот и пропаднат асфалт, како и поставување нови шахти и сливници. Предвидено е и проширување на улицата онаму каде што е возможно – соопшти градоначалникот Дарко Костовски.
Улицата „30“ е во должина од 900 метри и е со површина од 3.500 квадратни метри.
– Ова е почеток на големата градежна офанзива. Инвестираме над 150 милиони денари во реконструкција на 70 улици – нагласи Костовски.
Претходно, во населеното место Љуботенски Пат беше изградена нова пешачка патека, како и спортско- рекреативниот центар „Бранители“.