Денеска започна целосна реконструкција на водоводната и канализациската мрежа на улицата „Неџат Аголи“, во општина Чаир. За оваа намена годинава од Министерството за животна средина се одвоени 9 милиони денари.

– Со овој проект ќе се поврзат над 50 домаќинства на новата водоводна и канализациска мрежа, а по неговото завршување за два месеци жителите ќе имаат и целосно асфалтиран пат – изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Тој додаде дека со овој проект, започнува имплементација на низа инфраструктурни проекти, околу 50, во општина Чаир во вредност со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, со вкупна вредност од 2,8 милиони евра.

 

ИЗДВОЕНИ