Почна расчистувањето на дивата депонија кај поранешниот дом „Ранка Милановиќ“

245

Со асистенција на полицијата, вчера претпладне почна расчистувањето на дивата депонија кај поранешниот дом „Ранка Милановиќ“, за која поплаки имаа голем број граѓани што живеат во околината.

Градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира на социјални мрежи дека со ова започнува трајното решавање на долгогодишниот проблем.

– Со помош на механизација на ЈКП „Гази Баба“, се собраа повеќе од 50 тони отпад што беа во дворот на објектите. В понеделник ќе биде поднесена кривична пријава против едно лице, кое спротивно на закон вршело различен вид активности без за да поседува соодветни дозволи за вршење дејност, а согласно со Законот за управување со отпад – наведе Стефковски.

Во акцијата е извршено и уривање на три бесправно изградени објекти, кои служеле како работилници за преработка на отпад.

 

 

ИЗДВОЕНИ