Во Радишани, денеска почна целосната реконструкција и санација на три краци на улицата „Радишанска“ во Радишани.
Краците на улицата „Радишанска“, во должина од над 500 метри и со површина од 1.461 квадратен метар, ќе добијат асфалт по машинското гребење и поставувањето нов тампон.
– Градежната офанзива се одвива со силна динамика. Продолжуваме во другите населени места што се опфатени со неа. Станува збор за асфалтирање и за санирање 70 улици, за што ќе бидат вложени 150 милиони денари – соопштија од Општина Бутел.