Почна асфалтирањето на улицата „Бетовенова”, на територијата на општина Бутел. Улицата е во должина од 400 метри и е со површина од 4.000 квадратни метри.
-Локалната самоуправа продолжува со силна динамика да ја подобрува патната инфраструктура во сите населени места во општината. Истовремено, започна проект за реконструкција на 70 улици во износ од 150 милиони денари – велат од Општина Бутел.