Почивајте во мир, ангели наши

СОЛЗИ, ТАГА, ЦРНИЛА... ПОСЛЕДНО ИСПРАЌАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД КОЧАНСКАТА „ДИСКОТЕКА НА СМРТТА“

6172

Кочани денеска беше завиено во црно. Река од луѓе, цели семејства, група од млади, чекореа кон вечното почивалиште на триесеттемина, кои беа нивни роднини, другари, пријатели, соседи… Со цвеќиња во раце, свежи, исто како животот на предвреме починатите во страшната несреќа. И тогаш, во тие моменти на тишина, едно зад друго, низ центарот на малото гратче, поминаа возилата кои ги носеа жртвите кон гробните места. Застанаа мирно сите кои во тој момент се најдоа на улицата, луѓето излегуваа од возилата, за последно збогум на генерацијата која требаше да ги наследи. Граѓаните излегоа на терасите и немо го следеа текот на возењето, со насолзени очи, ги испраќаа во тишина, во мир. Илјадници луѓе доаѓаа од сите страни, преку пругата, ама и покрај шините како што водеше патот кон почивалиштата. Меѓусебно си разменуваа куси реченици, посочувајќи си ги имињата на нивните познаници кои изгубиле близок во несреќата. Траорно беше и во Скопје и Струмица каде што се вечните почивалишта на членовите на групата ДНК, како и во Штип и во Облешево, кои исто така се збогуваа со своите сограѓани. Македонија завиена во црно, нема граѓанин кој што не сочувствува со трагедијата

Пандорче АНТЕСКА

Фото:

Ѕ. Плавески

П. Стојановски

Кочани денеска беше завиено во црно. Река од луѓе, цели семејства, група од млади, чекореа кон вечното почивалиште на триесеттемина, нивни роднини, другари, пријатели, соседи. Со цвеќиња во раце, свежи, исто како животот на предвреме починатите во страшната несреќа. И тогаш, во тие моменти на тишина, едно зад друго, низ центарот на малото гратче, поминаа возилата кои ги носеа жртвите кон гробните места. Застанаа мирно сите кои во тој момент се најдоа на улицата, луѓето излегуваа од возилата, за последно збогум на генерацијата која требаше да ги наследи.

Ѓраѓаните излегоа на терасите и немо го следеа текот на возењето, со насолзени очи, ги испраќаа во тишина, во мир. Илјадници луѓе доаѓаа од сите страни, преку пругата, ама и покрај шините како што водеше патот кон почивалиштата. Меѓу себе си разменуваа куси реченици, посочувајќи си ги имињата на нивните познаници кои изгубиле близок во несреќата.

-Ни ги зедоа децата. Не можеме да ги исплачеме, се слушаа тивки разговори меѓу луѓето облечени во црно.

Срцепарателна беше атмосферата, новинарските екипи беа оддалечени од семејствата и местата каде што ги положуваа нивните деца, сестри, браќа, внуци.

Пред новинарскиот пункт беа поставени два шатора на Црвениот крст каде што им се даваше прва помош на оние кои не можеа здравствено да ја издржат траорната слика.

Освен лелеците од блиските, тишината ја параа сирените од амбулантните возила, кои постојано ги носеа оние на кои им беше неопходна лекарска помош.

Пристапот од гробните места до улицата беше тежок, кривулести тесни земјени патчиња. На околу 20 метри беа распоредени полицајци, им даваа насоки на повозрасните жители кои со пролетен зумбул во раката, не знаеја каде да се упатат, секој сакаше да оддаде почит на жртвите.

Млади спортисти, деца со маички на кои пишуваше „почивајте во мир, ангели наши“. Улиците останаа празни, единствено молскавично поминуваа возилата на брзата помош. Продавниците и локалите не работеа, тешки денови на очај и тага во Кочани.

Сара 18, Виктор 21… последно збогум за мирен сон стоеше на некролозите.

Време, многу поддршка и брза и ефикасна истрага е потребно овие кротки луѓе да излезат од колективната агонија.

На влезот од градот се наоѓа кобното место, дискотеката во која згаснаа 59 млади животи. Пеплосаниот објект го обезбедуваат полицајци и не дозволуваат пристап до влезот. Зад дискотеката се стигнува преку земјена угорница која личи на пат. Веќе паднал поголем дел од покривот над вратата која била заклучена од надвор и никој не можел да избега од смртоносните пламени.

Сè е тесно околу објектот, сè уште стојат две возила од кобната ноќ. Од тесната врата се гледа сив јаглен од изгорениот инвентар. Мрачна е атмосферата и околу објектот кај најблиските куќи.

– Сè е корупција, дофрлуваа додека го сликавме објектот.

Сите патишта кон Кочани вчера беа обезбедувани од полицијата. Градот и околината го надлетуваа полициски хеликоптери.

СЛАВА ИМ!

Министерството за здравство ги соопшти имињата на загинатите во трагедијата што во неделата се случи во Кочани во дискотеката „Пулс“.

-Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата што ги чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите и замолуваме да не се шпекулира со невистините информации, велат од Министерството.

Алексова Стефанија 2004

Џамов Јорданчо 1993

Трајчев Иван 2000

Ѓоргиев Џоко 2000

Коларов Александар 1981

Величков Иван 1998

Стојанов Андреј 2000

Антова Ивона 2003

Христовски Павел 2004

Димитријев Диме 1994

Насевски Никола 2007

Богданов Тоше 1994

Тодоровски Тоше 1988

Коцева Ана 2004

Живков Адријан 2000

Петрушов Гордан 2001

Горгиев Игорче 1976

Стевановски Филип 1988

Стојанов Томче 2003

Стоименова Моника 1999

Стојанов Стојанчо 1988

Пројковска Николовска Capa 1977

Шопова Марија 1997

Ивановски Петар 2004

Ѓорѓиев Александар 1991

Марковски Матеј 2007

Закова Бојана 1997

Василков Ѓорѓи 1999

Петров Александар 1999

Минова Драгана 2008

Алексова Capa 2006

Ѓорѓиески Андреја 1982

Ивановски Филип 2008

Јорданова Capa 2007

Стрезоска Марија 2001

Ефремов Александар 1992

Велков Игор 1980

Тасева Стојковска Лепа 1998

Атанасовски Мартин 1996

Алексов Александар 1986

Минов Божидар 2001

Милковска Кети 1999

Златков Томас 2003

Соколова Стефанија 2005

Велков Леонид 2007

Наунова Надица 2007

Јорданов Виктор 2000

Панов Андреј 2000

Иванов Димитар 2008

Стоименов Спиро 1998

Владимиров Јове 1993

Андонов Ице 2003

Тасевски Стефан 1988

Величков Ѓорѓи 1994

Стојанов Александар 1986

Христова Сања 1999

Танески Дамјан 2006

Спасова Моника 1998

Лазаров Андреј 1999

 

ИЗДВОЕНИ