Почитувани читатели, пријатели на весникот ВЕЧЕР

60

Среќа е кога колега кој од првиот ден бил во еден колектив и ги извршувал најодговорните работни задачи се испраќа во заслужена пензија. Ние сме особено горди што токму таква е досегашната главна и одговорна уредничка на весникот ВЕЧЕР, Весна МИЌИЌ БОЖИНОВСКА, чија професионална кариера континуирано растеше во нагорна линија од првиот до последниот работен ден. Нејзината посветеност и колегијалност остануваат како пример за цела редакција.

Почитувани, ве информираме дека од денеска, на местото на досегашниот главен и одговорен уредник на весникот ВЕЧЕР Весна МИЌИЌ БОЖИНОВСКА застанува м-р Елизабета АРСОСКА, досегашен заменик главен и одговорен уредник во весникот ВЕЧЕР. Заменик главен и одговорен уредник е Виолета СТОИМЕНОВА-НАУМОСКА, исто така долгогодишен новинар и поранешен помошник на главниот и одговорен уредник.

Весникот ВЕЧЕР, кој е еден од најстарите весници во Македонија и порталот vecer.press,  единствени и препознатливи по својот стил, хроничари на сите настани во земјава и светот, продолжуваат и понатаму, секојдневно, навремено и точно да ве информираат, почитувајќи ги професионалните и етичките стандарди.