Почина уште една жртва на масакрот во Цетиње: Убиени 13 лица

32
EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Дејан Кокотовиќ, жител на Цетиње, почина денеска во Клиничкиот центар во Подгорица од тешките повреди со кои се здоби на 1 јануари годинава во кафаната „Велестово“ во центарот на тој град.

Ова е 13-та жртва на нападот на цетињецот Ацо Мартиновиќ, кој на првиот ден од јануари за околу половина час уби 12 лица, меѓу кои две деца и двајца браќа.

Кокотовиќ бил ранет во стомакот, градниот кош и главата во нападот на Мартиновиќ врз сограѓаните, поради што истата вечер бил опериран во Клиничкиот центар.

За жал и покрај напорите на лекарите тој им подлегнал на повредите.

ИЗДВОЕНИ