Клинт Хил, поранешен агент на американската тајна служба познат по тоа што се фрли во возилото на поранешниот американски претседател Џон Кенеди за време на атентатот во Далас, почина на 93-годишна возраст, објавија американските медиуми.
Клинт на пошироката јавност и стана познат кога беше објавена фотографија на која се гледа како тој скока во лимузината во која се возел поранешниот американски претседател Џон Кенеди, веднаш по неговиот атентат во 1963 година.
Асошиетед прес потсетува дека Хил бил во возилото по лимузината на Кенеди и дека веднаш откако Кенеди бил погоден од куршум, тој се стрчал кон возилото на американскиот претседател.
Фотографијата го доловува моментот кога Хил скокнал на возилото во кое биле Кенеди и неговата сопруга Жаклин, кои Хил имал задача да ги чува.
Хил има напишано неколку книги за неговата кариера, од кои некои биле бестселери.
АП наведува и дека Хил во едно од неговите интервјуа рекол дека чувствува голема вина за се што се случило во врска со атентатот на Кенеди.
За своите постапки во Далас, Хил беше награден, а во кариерата стигна дури и до позицијата помошник директор на Тајната служба.