Натпреварот помеѓу Барселона и Осасуна во шпанското првенство е одложен поради ненадејна смрт. Почина шефот на медицинскиот тим на Барселона, Карлос Мињаро Гарсија, поради што натпреварот помеѓу каталонскиот клуб и Осасуна во 27. коло на Ла Лига беше одложен.

Клубот преку социјалните мрежи потврди дека натпреварот е одложен поради ненадејната смрт, а одлуката ја соопшти претседателот на Барса, Жоан Лапорта.

Одлуката официјално беше донесена на помалку од половина час пред почетокот на натпреварот, па играчите дознаа дека нема да играат додека се во соблекувалната и ги прават последните подготовки пред да истрчаат на теренот.

Фудбалерите на Осасуна се загревале на теренот кога ја слушнале страшната вест, по што се вратиле во соблекувалната.

Новиот датум за овој натпревар се уште не е познат, истиот ќе биде објавен во наредните денови.

ИЗДВОЕНИ