Почина „секретарката на злото“: Нацистичката стенографка стои зад смртта на 10.000 луѓе

Таканаречена „Секретарка на злото“ се најде во меѓународното внимание во 2022 година, кога германскиот суд ја прогласи за виновна за нејзината улога во убиството на повеќе од 10.000 луѓе за време на Втората светска војна.

122
screenshot WDR aktuell Youtube

Почина Ирмгард Фурхнер (99), поранешна секретарка во концентрациониот логор Штутхоф за време на нацистичката ера. Според портпаролот на канцеларијата на државниот обвинител во Ицехо, Фурхнер починала на 14-ти јануари, пренесува Индекс.хр.

Таканаречената „секретарка на злото“ се најде во меѓународното внимание во 2022 година, кога германскиот суд ја прогласи за виновна за нејзината улога во убиството на повеќе од 10.000 луѓе за време на Втората светска војна.

Фурхнер била во доцните тинејџерски години кога работела како стенограф кај командантот на Штутхоф. Поради нејзината возраст во моментот на делото, ѝ судеше судот за малолетници, со што ѝ беше осудена условна затворска казна од две години.

Адвокатот тврдеше дека обвинителите не успеале да докажат дека таа знаела за убиствата во логорот.

Но, пред две години Фурхнер беше прогласена за виновна за нејзината улога во убиството на 10.505 луѓе во концентрациониот логор Штутхоф, кој се наоѓа во денешна Полска.

Германските медиуми ја опишаа пресудата како веројатно последна пресуда за учесниците во нацистичката машина на смртта, бидејќи повеќето од инволвираните починале или не се способни да им се суди поради нивната напредна возраст.

Нејзиниот адвокат тврдеше дека обвинителите не успеале да докажат дека таа знаела за убиствата во логорот, но германскиот суд во градот Лајпциг го отфрли тој аргумент.

„Нашиот аргумент беше дека административната поддршка на масовно убиство е еднакво на помагање и поттикнување убиство“, рече Томас Вил, обвинител кој ја предводи Германската Централна канцеларија за истрага на нацистичките злосторства.

Се проценува дека 100.000 луѓе биле депортирани во логорот Штутхоф за време на војната. Кампот беше опкружен со наелектризирани бодликави жици, а условите беа брутални. Многу затвореници починале од епидемија на тифус, додека оние кои чуварите ги сметале за премногу слаби или болни за да работат, биле убиени, објави Скај њуз.

Кога советската Црвена армија се приближи до логорот во последните денови од војната, чуварите на логорот преместија илјадници затвореници под изговор за „евакуација“. „Ги ставија во мали чамци кои ги турнаа во Балтичкото Море. Луѓето гинеа во тие чамци поради изложување на сонце, без вода, без храна“, вели професорот Шулце.

ИЗДВОЕНИ