Роберта Флек беше голема поп и R&B пејачка и во текот на успешната кариера го отпеа хитот „Killing Me Softly With His Song“,
Веста за нејзината смрт ја потврди нејзиниот публицист, наведувајќи дека таа починала во друштво на потесното семејството. Разговараше, се смееше, пиеше кафе, зборуваше и наеднаш почина. Сите мислеа дека нешто се шегува, но Роберта престана да дише. Како гром од ведро небо, нејзиното срце наеднаш застана, во 88 година од животот, велат нејблиските на славната пејачка. Сепак, со години се бореше со тешката болест, но успеваше да биде доволно добро присутна и ментално и физички во своето секојдневие. Роберта Флек има освоено вкупно пет Греми награди, а во 2020 година и беше доделена и Наградата за животно дело.
Родена е како Роберта Клеопатра Флек во Блек Маунт, во Северна Каролина. Зад себе остава неизбришлива музичка трага на севскупната светската музичка сцена. Нејзиниот пат до ѕвездите беше специфичен. Пред да стане ѕвезда, предаваше музика во средните училишта во Вашингтон. Имаше и успешни настапи во ноќните клубови. Нејзиниот талент во тоа време беше препознаен од голем број џез-музичари. Добива Стипендија на Универзитетот Хауард со што си го зацврстува местото на естрадата во Америка.
Со својот златен и моќен глас допира до срцата на милиони луѓе и вон границите на САД. Отпеа многу добри песни, меѓу кои и: „The First Time Ever I Saw Your Face“ и „Feel Like Makin’ Love“.