Поранешниот НБА кошаркар, Џуниор Бриџмен, почина на 72-годишна возраст. Тој беше поранешен играч на Милвоки и Лос Анџелес Клиперс, за кои играше од 1975 до 1987 година, а по кошаркарската кариера изгради бизнис-империја и стана милијардер.

Неколку телевизиски станици од Луисвил објавија дека Бриџман си ги притискал градите на хуманитарната вечера, сфаќајќи дека доживеал срцев удар. Телевизијата „WLKY“ објави дека веднаш била повикана брза помош, но дека поранешниот кошаркар не можел да се спаси.

Тој во својата кариера заработи околу 2,95 милиони долари, но по неа дојде до значајно поголема сума пари. Бриџмен изгради деловна империја со својот синџир за брза храна, кој на својот врв имаше повеќе од 450 ресторани низ целата земја. Тој инвестираше пари во НБА Африка и поседуваше 10 отсто од акциите на Милвоки од септември минатата година.

Форбс претходно оваа година објави дека неговото богатство надминало 1,4 милијарди долари.

 

ИЗДВОЕНИ