Почина новинарот и автор на книжевност за деца Наум Попески, соопштија денеска од Друштвото на писателите на Македонија на официјалната ФБ страница.
„Со длабоко жалење известуваме дека ноќеска нè напушти колегата Наум Попески. Вечна му слава!“.
Наум Попески (25.11.1947, Вевчани, Струшко – 20.1.2025, Скопје) е познат како автор на книжевност за деца. Негови попознати дела се збирките песни за деца „Ајде да растеме“ (1982), „Детелинка со четири листа“ (1995), „Изворчиња – поточиња“ (2007), „Летни – светни светулке“ (2012), „Наумување“ (2015); расказите за деца „Спомени во слики“ (2007). Попески е најпознат како автор на првиот бонтон за деца: „Бонтон за деца – убавината на убавото однесување“ (1999, реиздание во 2017), и „Во гората зелен лист – во градите воздух чист (2006) и „Еко-бонтон за деца“ (2007). Наум Попески бил новинар и член на ДПМ од 2000 г. Уредник на додатокот за деца во списанието „Колибри“ и долгогодишен соработник на списанијата за деца „Развигор“, „Росица“. Застапен е во многу антологии на поезијата за деца, во читанки и во учебници за основно образование, кај нас и го регионот.
Погребот на Наум Попески ќе се одржи утре во 11 часот на гробиштата во населба Драчево, Скопје.

ИЗДВОЕНИ