Почина Тоше Поп Симонов, музички великан, композитор и продуцент

695
Фото: Facebook

Денеска на ден Велигден почина музичкиот великанот од нашата генерација, Тоше Поп Симонов.  Остави музика и човештина за на век. Не задолжи сите кој соработувавме со него! Секогаш спремен да помогне, да се најде за се нешто, токму во правиот момент, кога мислиш дека цел свет ти пропаднал! Тоше беше тука и невозможното го правеше возможно! Ти благодарам друже за сe!, напиша Петар Георгиевски Камиказа, фронтменот на „Меморија“ на својот Фејсбук профил.

„Последно се чувме пред некој ден и долго зборувавме за неговото здравје, пишува тој. Беше борец и познавач на невозможното кога беше медицината во прашање, поготово последниве неколку години, но….. Но срцето јуначко и големо како планина престана да чука денес напладне. Немам сили да пишувам повеќе бидејки секој збор што ќе го напишам е премал за се она што го направи за сите нас.

Почивај во мир мајсторе над мајсторите и горе меѓу звездите една беседа и песна и да им направиш, за да можат и тие горе да те слават, како ние тука на земјата!!!

Погребот ќе биде во вторник од 11 и 30 до 12 и 30 во капела на градските гробишта во Скопје. До семејството искрено сочуство за огромната загуба!

Не можам повеќе, прости ми мајсторе, а имам цели фермани да пишам, едноставно

ИЗДВОЕНИ