Трагична вест доаѓа од Јужна Африка, каде што почина 22-годишниот фудбалер на Дурбан сити, Синамандла Зонди. На младиот играч ненадејно му се слошило во текот на загревањето пред натпреварот против Милфорд, како дел од натпреварувањето во Глад Африка чемпионсшип.

Зонди ги почнал подготовките за натпреварот без видливи здравствени проблеми, но во еден момент колабирал на теренот. Веднаш бил пренесен во најблиската болница, но и покрај напорите, лекарите не можеле да го спасат. Натпреварот почнал според планираното, но бил прекинат на полувремето откако била потврдена веста за неговата смрт. Причината сè уште не е официјално објавена.

Зонди важеше за еден од главните столбови во одбраната на Дурбан сити, клуб што води моментално на табелата и сериозно се бори за враќање на елитното натпреварување – Премиер фудбалската лига на Јужна Африка.

ИЗДВОЕНИ