Српскиот тајкун и еден од најбогатите луѓе во регионот, основач и претседател на МК Груп, Миодраг Костиќ почина денеска на 65. годишна возраст. Костиќ ја основа компанијата во 1983 година, а на јавноста и стана познат со купување на фабрика за шеќер во 2002 година, поради што беше познат како „српскиот крал на шеќерот“.
„Со голема тага ве известуваме дека почина Миодраг Костиќ, основачот и претседател на МК Груп, кој во текот на својата 40-годишна активна професионална кариера го создаде еден од најголемите деловни системи во регионот, што го заслужи меѓународниот статус на еден од највлијателните лидери и најуспешни претприемачи во Југоисточна Европа“, се наведува меѓу другото во соопштението на компанијата.
Костиќ пред пет години се повлече од чело на компанијата, а раководните должности му ги препушти на синот Александар Костиќ, потпретседател на МК Груп и претседател на Управниот одбор на АИК банка.