Легендата на Формула 1, Еди Џордан, почина на 77-годишна возраст откако ја загуби битката со ракот. Минатата година му беше дијагностициран рак на мочниот меур и на простатата, а во четвртокот изутрина неговото семејство потврди дека починал, пишува „Дејли мејл“.

Тимот на Џордан учествуваше на 250 трки во Формула 1, победувајќи четири пати. Во дебитантската сезона на својот тим во 1991 година, тој дебитираше во Формула 1 со тогаш младиот германски возач Михаел Шумахер, кој подоцна стана икона во овој спорт, освојувајќи седум шампионски титули.

 

ИЗДВОЕНИ