Почина легендарната актерка Џоан Плорајт: Лоренс Оливие ја остави Вивиен Ли за неа, а кралицата ѝ ја додели титулата Дама

572

Легендарната актерка Џоан Плорајт почина на 96-годишна возраст, јавува британски Би-Би-Си.

Една од најпочитуваните британски сценски актерки и вдовица на легендарниот Сер Лоренс Оливие, имаше кариера долга 60 години, во текот на која успешно играше во филмови, серии и театар, доби бројни награди и беше номинирана за „Оскар“ во 1991 година за нејзината улога во филмот „Волшебниот април“.

„Со голема тага семејството на Дам Џоан Плорајт, Лејди Оливие, ве информира дека таа почина мирно на 16 јануари 2025 година, опкружена со своето семејство во Денвил Хол, на 95-годишна возраст“, ​​рекоа децата на актерката во официјално соопштение за печатот.

Џоан Плорајт е родена во Сканторп во 1929 година, а во 1950-тите стана една од најголемите ѕвезди во Вест Енд. Таа за прв пат се појави заедно со познатиот Лоренс Оливие во „Забавувачот“ во театарот „Ројал Корт“ во 1957 година. Тогаш тој сè уште беше во брак со легендарната Вивиен Ли, додека Џоан беше во брак со нејзиниот прв сопруг Роџер Гејџ, пишува Би-Би-Си, а пренесува 24седам.

Меѓутоа, актерите се заљубиле и започнале врска која подоцна била крунисана со брак, а нивното актерско партнерство им донело и двајцата номинации за наградите БАФТА во 1960 година, кога снимиле и филмска верзија на оваа приказна. Истата година, Џоан почна да остава свој белег во САД, кога ја освои наградата Тони за нејзината улога во „Вкусот на медот“ на Бродвеј.

Добитничка е и на бројни награди.

Театрите во Вест Енд објавија, по тажната вест за нејзината смрт, дека во вторник ќе ги пригушат светлата на две минути, како знак на почит кон Џоан Плорајт.

Актерката првпат го доби Орденот на Британската империја во 1970 година, а потоа титулата Дам во 2004 година.

И нејзината кариера и личниот живот беа обележани од Лоренс Оливие.

Од 1953 до 1961 година, таа беше во брак со Роџер Гејџ, познат актер, и се омажи за Лоренс Оливие веднаш откако тој стави крај на својот 20-годишен брак со втората сопруга Вивиен Ли. Заедно имаа три деца, а двете ќерки станаа актерки.

Оливие и Џоан Плорајт останаа во брак до неговата смрт во 1989 година, а таа еднаш објасни дека тоа колку се поврзани е клучот за преживување и покрај подемите и падовите.

Нашата посветеност беше целосна“, изјави актерката за Гардијан во 2001 година.

„Го сакав толку многу што ќе умрев за него, но имаше моменти кога не знаев како да живеам со него.

ИЗДВОЕНИ