Почина Игор Југ, Кривичен суд демантира дека барал повторување на постапката

110

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов потврди дека Игор Југ, еден од осудените за случувањата во Собранието на 27 април, починал синоќа на 54-годишна возраст, пренесува МИА.

Дел од медиумите објавија дека Игор Југ барал повторување на постапката, но Кривичен суд утрово ја демантираше таа информација. Оттаму информираа дека до Кривичниот совет не е доставено барање за повторување на постапката.

– Заради повеќе медиумски објави како и новинарски прашања кои утрово беа доставени во судот, ја информираме јавноста дека: Во однос на лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот со КОК .бр. 40/18 за настаните кои се случија во Собранието на РСМ од правосилноста на пресудата, па се до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје НЕ е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката, велат оттаму.

Југ беше осуден на 12-годишна казна затвор за случувањата во Собранието на 27 април.

ИЗДВОЕНИ