ЕPA-PHOTO/EPA/ANJA NIEDRINGHAUS

Познатата бугарска атлетичарка Петја Пендарева почина на 54-годишна возраст од тешка болест. Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзина пријателка, исто така поранешна спортистка – Ива Пранжева.

На Европското првенство во 1994 година, Пендарева беше дел од бронзената штафета 4х100 метри, а беше европска вицешампионка на 60 метри на ЕП 2000 година во Гент. Учествуваше двапати на Олимписките игри, во Атланта во 1996 година и во Сиднеј во 2000 година, а пет пати настапи и на Светските првенства на отворено, како и три пати во затворен простор.

По завршувањето на активната спортска кариера, таа основала атлетска школа во родниот град Казанлак, во централниот дел на Бугарија. Тренирала деца на возраст од пет до 18 години, а поради болеста во претходните години морала да се пензионира и академијата ѝ ја препуштила на својата ученичка Габриела Тенева.

ИЗДВОЕНИ