Почина Бора Ѓорѓевиќ, бендот „Рибља чорба“ се прости од фронтменот: „Почивај во мир драг наш Боки“!

279

Легендарниот српски музичар Борисав Бора Ѓорѓевиќ почина на 72-годишна возраст, потврдија за Танјуг во неговиот бенд „Рибља чорба“.

Toј неодамна беше примен во болница во Љубљана со тешка пневмонија. Се лекувал со антибиотици и кислород, а по неколку дена поради влошување на состојбата бил ставен на респиратор. Инаку, тој долго време се бореше со тешка болест.

Бора Ѓорѓевиќ е роден во 1952 година во Чачак. Основното училиште завршил во родниот град, а по проблеми со законот бил исфрлен од средното училиште. Неговите родители тогаш, за да се спасат од „срамот“ што им го предизвикал, решиле да се преселат во Белград. Таму Бора завршил на Петтата гимназија и се запишал на Правниот факултет. По две години сфатил дека оваа професија не е за него, па се обидел да влезе на Факултетот за драмски уметности во Белград. Никогаш не бил примен на глума, па се запишал на организација на ФДУ.

Во Словенија живеел околу десет години, каде што се оженил по трет пат

Ѓорѓевиќ за себе само велеше дека прво е Србин, па дури потоа рокер.

На 15 февруари 2021 година, авторот и музичар беше одликуван со орден Караѓорѓева Ѕвезда од прв степен.

Зад себе го остави синот Борис, кој го доби со првата сопруга Драгана, која му беше љубов од средното училиште.